Пак се одложуваат новите правила за влез во земјите на ЕУ

Се одложува воведувањето на системот ETIAS (European Travel Information and Authorization System) за издавање патна дозвола за државјаните на 50 земји, меѓу кои се и БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, кои не треба да имаат виза за влез во земјите на Шенген.
„На состанокот на Советот за внатрешни работи во октомври минатата година, Комисијата го информираше Советот дека сè уште не ги добила сите неопходни декларации за подготвеност од земјите-членки.
По усвојувањето и стапувањето во сила на овој предлог, и откако ќе бидат примени сите декларации за подготвеност од земјите-членки, Комисијата ќе одлучи за датумот за постепено започнување на ЕЕС.
„ЕЕС ќе мора да работи со полн капацитет не подоцна од шест месеци по постепеното лансирање“, изјавија тие за B92.net.
На интернет страницата на „Travel Europe“ се наведува дека системот нема да биде во употреба, без назнака кога би почнал. Досега воведувањето ан овој систем два пати беше одложувано.
Автоматизираниот EES (Entry/Exit System) IT систем за регистрација на државјаните на земјите кои не се членки на ЕУ, кои патуваат на краток престој, при секое преминување на границата, беше најавен за ноември 2024 година. Потоа се одложи за почетокот на 2025, но сега не е прецизирано за кога е планирано воведувањето на системот.
Системите ЕЕS и ЕTIAS имаат за цел да ја зајакнат безбедноста и да ги забрзаат процедурите за влез во ЕУ. Со новиот систем, секој граѓанин кој ќе сака да влезе во земја од ЕУ, својот влез треба да го најавува он-лајн и да плати еднократен надомест oд 7 евра.
Откако ќе профункционира системот EES, планирано беше да се воведе системот ETIAS кој дигитално ќе ги прикажува и следи патниците кои влегуваат и излегуват од земјите на ЕУ. Системот ќе ги проверува безбедносните податоци за патниците.