Пак дојави за бомби, евакуирани шест училишта во Скопје и две во Штип


Фото: Б. Грданоски

Рано утрово евакуирани се шест училишта поради дојави за бомби, јавија повеќе портали.

Шест училишта во општина Аеродром биле утрово евакуирани. Исто така, медиумите пренесуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара е евакуирано поради дојава за бомба, а дојави за бомба имало и во училиште во Бутел, јави ТВ21.

Според првичните информации, меѓу евакуираните училишта се „Александар Македонвски“ во Аеродром, „Глигор Прличев“ во Железара…

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески за СДК изјави дека во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) прават проверки во школите.

На службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, утрово добиени се дојави за поставени експлозивни направи, информираат од МВР.

Дојава за бомба, според информации на МИА, утрово имало во неколку училишта во Аеродром, како и во две училишта во Штип.

Во некои училишта, по извршените проверки од страна на МВР, наставата е продолжена.

МВР најави повеќе информации во текот на денот.