Пахор до Заев: Цела Европа е за почеток на преговори со Македонија
Македонскиот премиер Зоран Заев и Пахор имаа и билатерална средба. Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале Заев и Пахор.
Пахор на средбата го афирмирла ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба.
Заев во Блед имаше заедничка средба и со премиерот на Словенија Јанез Јанша и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. На средбата беше потврдено дека проширувањето на ЕУ е приоритет на словенечкото претседателство и дека земјите од Западен Балкан треба што е можно поскоро да станат членки на Унијата.
Заедничка констатација на Заев, Јанша и Вархеји е дека нема простор за други опции освен европски Западен Балкан и дека Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите час поскоро. На средбата беше речено дека до крајот на годината има доволно време Бугарија и Македонија да го изодат патот до решение кое ќе ја забрза европската интеграција на цел регион и дека решенијата подразбираат грижа за себе, но и грижа за другиот.