Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“


Од невремето во Скопје, има паднат лимени огради на коловозот на потегот кај хотел „Русија“ до хотел „Хилтон“, во Аеродром.

Паднати дрвја, покриви и огради на повеќе места го оневозможуваат сообраќајот во главниот град. 

Некои улици се поплавени, па возилата едвај се движат. 

Се повикува на внимателност при возењето, а ако нема потреба да не се излегува од дома.