Падна во канџите на секта, го загуби богатството: Исчезна од јавноста, па се појави поубава од било кога (фото)


Актерката Мишел Фајфер глумеше во многу филмски хитови во осумдесеттите, но извесен период исчезна од јавниот свет, за да се врати уште поубава и подобра.

Својот талент го покажа во романтични филмови, трилери и хорори, а во период од четири години беше номинирана за филмовите „Dangeorus Liaisons“, „The Fabulous Baker Boys“ и „Love Filed“.

Таа успеа да добие пофалби од сите критичари за ликот на жената-мачка во „Бетмен се враќа“, што е многу ретко. Токму кога помисливме дека е целосно заборавена, таа неодамна се врати на големото платно благодарение на Дарен Аронофски и филмот „Мајка!“.

Актерката за магазинот „Интервју“ објасни зошто за малку ќе исчезнала од екранот.

„Никогаш не престанав да ја сакам глумата. Јас сум тип на личност која сака рамнотежа и кога е работата во прашање. Многу внимавав на изборот на улогите, колку време ќе биде потребно за снимање филм затоа што сакам да се вклопам мојот приватен и деловен живот. Во меѓувреме станав пребирлива и не знам што да ви кажам – ме нема, така е“, изјави Фајфер.

Актерката не сака интервјуа и секогаш избегнувала да гостува во емисии и да дава изјави, објаснила и зошто.

„Само размислував зошто не сакам толку многу интервјуа. Мислам дека тоа е постојан страв дека луѓето ќе сфатат дека сум измамник и дека ќе ме провалат. Дали разбирате што се обидувам да кажам? Луѓето конечно ќе сфатат дека немам поим да глумам и дека едноставно имав среќа“.

Пред да стане Мишел Фајфер која денес ја знае целиот свет, младата актерка била изманипулирана од мистериозен пар кој водел метафизички и вегетаријански култ. Двојката се обидела да ги спречи луѓето да бидат засенети од светлата на Холивуд – консумирање алкохол, опијати и никотин. Тогашната млада Мишел била толку под влијание на необичниот култ што им ја давала целата месечна заработка.

„Кога ќе се сетам на тој период, се сеќавам колку ми беше испран мозокот и во што паднав од страв да не паднам под влијание на славата“, изјави Фајфер во 1995 година.

Актерката е во брак со телевизискиот ветеран Дејвид Е. Кели, кој ги создаде хит сериите Али Мекбил и Невини лаги. Парот го доби своето прво дете преку посвојување во 1993 година, а една година подоцна Мишел роди син.

„Сега многу сакам да работам, бидејќи можам. Во последните неколку години имав одлични понуди. Се пензионирав за моите деца. Сакав да имаат нормално воспитување со мајка им и татко им. Се разбира, кога ги зафати пубертетот, превртуваа со очите  и постојано ме задеваа дека сум големата ѕвезда, Мишел Фајфер, која им наредува низ дома. “