Падна системот за платен промет во евра во цела ЕУ

Брисел – Платниот промет во евра во ЕУ во моментов се оневозможени поради технички проблеми во системот, кој обработува трансакции во вредност од 1,9 трилиони евра дневно.
Европската централна банка објави дека прекинот влијаел на каналите за комуникација на нејзината паневропска платформа „ТАРГЕТ 2 Секјуритс“ (TARGET 2 Securities).
ЕЦБ наведува дека услугата Т2, клучен дел од платниот систем ТАРГЕТ во ЕУ, има проблеми кои влијаат на обработката на трансакциите помеѓу апликациите и пристапот на корисниците до апликацијата, додека „ЕКОНС ДВА“ (ECONS II) останува отворена за обработка на многу критични плаќања, за што е потребна координација со релевантната централна банка. За да продолжи работата на системот Т2 ќе биде неопходно да се пренесе на секундарна локација.
Според ЕЦБ, проблемот се очекува да биде надминат за еден час, по што ќе продолжи нормалното работење.
Платформата T2S се користи за координирање и намирување на тргувањето со готовина и хартии од вредност во евросистемот, кој ги вклучува ЕЦБ и централните банки на земјите што го користат еврото. Грешката влијаеше на клучните комуникации помеѓу централните депозитари на хартии од вредност (ЦСД), основните системи на финансиските пазари.