Падна „миг 29“ – го урнаа птици


Ловец на индиското Воено воздухопловство „миг-293 стана жртва на птици за време на школски лет во подрачјето на летувалиштето Гоа, пренсе Спутник.

Како што пишува „Дифенс ворлд“, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Индија, јато птици го „нападнаа“ авионот веднаш по полетувањето од авио-базата Даболим.

Во инцидентот двата мотори се запалија, а пилотите го свртеа подалеку од населените места и потоа се катапултираа.