Пад на системот е причината поради која синоќа во општина Карпош немаше осветлување


Фото: Б. Грданоски

Пад на системот е причината поради која синоќа општина Карпош остана без осветлување одреден период, информираа од Општината преку својот фејсбук профил.

„Ве информираме дека поради пад на системот во моментот Општина Карпош е без улично осветлување. Во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот за нормализирање на осветлувањето во најбрзо време, гласеше фејсбук објавата на Општина Карпош.