Притвор за демонстрантите против патарините во Албанија


Во тензична атмосфера во и надвор од објектот, Судот во Тирана денеска решаваше за судбината на 23-тe приведени учеснци во насилните протести во саботата кај тунелот Калимаш, против воведувањето патарина на „Патот на нацијата“.

Како што јави дописникот на МИА, за 11 демонстранти Судот одреди мерка притвор, за двајца домашен притвор, додека останатите беа ослободени со обврска да се јавуваат во полиција.

Додека судијата ја читаше одлуката во судската сала се слушаа извици „срам, срам…“.

Насобраинте граѓани и пратеници од опозицијата пред Судот извикуваа „Ослободете ги нашите деца“, „Рама оди си“ и „Уапсете ги владините претставници“.

Дваесет и тројцата, главно жители на северниот град Кукс, беа приведени во недалата, ден по саботните протести, во кои беа повредени 13 полицајци и дваесеттина демостранти, кои речиси целоно го уништија наплатниот пункт, барајќи укинување на патарината.

Поради опасност редовните протести за ослободување на притворените да излезат од контрола, судската зграда и пошироката околина ги обезбедуваа околу илјада полицајци.

Опозицијата, предводена од Демократската партија, која ги подржува протестите, вчера повика на граѓанска непослушност и најави масовни антивладини протести.