Озил потпиша за Фенербахче?
Турција– Месут Озил сепак ќе остане во Европа, не оди за Америка. Заборавената ѕвезда на Арсенал е на пат кон Истанбул, а наводно веќе ставил потпис на три и полгодишен договор со Фенербахче.
Тренерот на турскиот гигант, Ерол Булут, истакна дека во наредните денови ќе се знат сите детали околу иднината на Озил, но во Истанбул веќе се слави доаѓањето на поранешниот германски репрезентативец.
Дефинитивно Озил ќе биде најголемата ѕвезда во турската Суперлига, а она што останува да се потврди е неговата плата и дали Фенербахче ќе плати отштета за неговите услуги, или пак Озил и Арсенал спогодбено ќе го раскинат договорот.