Овие два филма од Венеција доаѓаат во Скопје


 „Beetlejuice Beetlejuice“ на Тим Бартон – со Мајкл Китон, Винона Рајдер, Кетрин О’Хара, Џастин Теру, Моника Белучи, Џена Ортега и Вилем Дефо , со кој се отвори Мостра, ќе биде вон конкуренцијата на Лидо, пред да дојде во кината ширум светот следната недела.

Доаѓа и во Синеплекс во Скопје, на 5 септември. 

Меѓу најголемите филмови во конкуренција во Венеција,  „Joker: Folie à Deux” на Тод Филипс, со Жоакин Феникс и Лејди Гага во главните улоги, исто така, доаѓа во Скопје. На репертоарот на Синеплекс е на 3 октомври.