Оваа недела на Скопско лето- oд концерти до претстави


На 23.06.2025г. (понеделник) ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан
Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера.
На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“ – како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам.
Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции.
Влезницaта по цена од 500 денари, ќе се продава на влезот на Куршумли ан, пред почетокот на настанот.
 
На 24.06.2025г. (вторник) има три настани на фестивалот „Скопско лето 2025“.
Со почеток во 18:00 часот во Драмски Театар ќе се одигра театарската претстава „Гидионовиот јазол“
Автор: Џона Адамс

Режија: Драгана Милошевски Попова

Драматург: Викторија Рангелова – Петроска

Улоги: Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ
Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е работена по текст на авторска Џона Адамс.

Улогите ги играат актерите: Биљана Драгиќевиќ Пројкоска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“.
Билетите се во продажба на karti.com.mk 
Со почеток во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ќе се одигра театарската претстава „Добри луѓе“.
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Преведувач: Наташа Пеевска

Адаптација и режија: Тамара Стојаноска
Музика: Ива Дамјановски

Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска

Извршен продуцент: Бобан Алексоски

Фотографија: Данчо Стефков
Играат: Тијана Трајчевска и Филип Христовски
Билети: bileti.mkc.mk или на билетарницата од МКЦ Скопје.
„Добри луѓе“ е дуодрама работена според текстот Lungs на Данкан Мекмилан и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање. Дали е оправдано да се има деца во загаден свет во кој секое суштество создава огромни количества јаглерод диоксид, но и во свет каде што тој нов живот треба да се соочи со некои сериозни егзистенцијални проблеми со можни трагични исходи: еколошки катастрофи, пандемии и огромни економски и социјални колапси?
„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество. Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам, непостојани временски услови и политички немири.

Ликовите живеат со анксиозност, паника и притисок од надворешната околина, но тешко и бавно носат промени во своите лични постапки и се губат во системот. Грижата за околината е како маска за нивната вознемиреност и опседнатост со прашањето дали се добри луѓе. Тоа што ликовите постојано се грижат и паничат, само по себе е еден вид заменски активизам; нивната пасивна грижа станува доказ за нивната добрина и ја негира потребата за реално дејствување.
Со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба за самостојност ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска.
На програмата ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Шуберт, Лист, Чајковски, Володос, С. Рахмањинов и А. Скријабин. 
Билетите ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност по цена од 300 денари.
 
На 25.06.2025г. (среда) ќе се одигра детска театарска претстава „Куќа на духовите“ со почеток во 19:00 часот во Театар за деца и младинци
Автори: Горјан Милошевски и Дејан Дамјановски

Режија: Деан Дамјановски

Сценографија: Филип Коруновски

Костимографија: Елена Вангеловска

Музика: Горан Трифуновски – Пајак
Куќата на духови замислете ја како еден возбудлив дел од голем забавен парк. Во неа ве очекуваат непредвидливи случки и смешни стапици. Заедно со Јаков и Веда, сите одиме на пат во кој тие совладуваат неверојатни пречки. Низ тој пат следиме уникатна и многу забавна битка меѓу доброто и злото.
Улоги: Ангела Димитрова, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Винета Дамческа, Никола Наковски, Емра Куртишова, Симона Спировска, Марија Ѓорѓијоска.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
 
Исто така во среда, на 25.06.2025г.,ансамблот Арт Нет (Србија) во Музејот на македонската борба за самостојност ќе ја претстави концертната изведба на првото сценско дело на Џакомо Пучини – Le Villi, со либрето на Фердинандо Фонтана. Оваа кратка, но драматично интензивна опера, првпат изведена во 1884 година во Милано, ги носи слушателите во светот на мистичните вили и трагичната љубовна судбина на Ана и Роберто.
Концертна изведба:

Ликови:

Роберто – Стефан Каранец (тенор),

Ана – Наташа Јововиќ (сопран),

Гуглиелмо Вулф – Берислав Јерковиќ (баритон),

Вилхелм Вулф – Берислав Јерковиќ (баритон),
Пијано – Владимир Вања Шчепановиќ
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот пред влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.
 
На 26.06.2025г. (четврток) со почеток во 20:30 часот во Сули ан Ансамблот Консонанс ќе одржи музичка приказна „Песна за жирафата“.
„Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин. Наменета за деца од различна ворзст, приказната ќе им ја разбуди љубопитноста за различните бои кои ги произведува еден жичан инструмент како што е виолината, или пак некој од дувачките инструменти како што се флејтата или пак кларинетот. Во текот на музичката приказна, актерот толкувајќи го ликот на самиот композитор Ф. Ј. Хајдн, на еден мошне забавен и весел начин ќе ги едуцира децата за многу аспекти од класичната музика и инструментите кои се користат во нашиот ансамбл Консонанс.
Во оваа музичка приказна преку приказна и интеракција, децата ќе можат да се заапознаат со музиката од периодот на класицизмот и да ги слушнат аранжманите напишани специјално за овој концерт, кои нè едуцираат за познатата музика на Ф. Ј. Хајдн изведена од квинтет сочинет од следниве инструменти: виолина, флејта, англиски рог, кларинет и бас кларинет. Сите овие инструменти се солистички инструменти кои можат да настапуваат и сами, но најчесто се употребувани во поголеми ансамбли, во голем симфониски оркестар, оперска и балетска музика.
Аниматорот ги воведува децата во светот на Ф. Ј. Хајдн раскажувајќи дека тој е австриски композитор кој живеел и творел во периодот на класицизмот, заедно со големите композитори Моцарт и Бетовен. Речиси сиот свој работен век го поминал пишувајќи музика на дворот на познатиот благородник Естерхази во Австрија. Хајдн освен што пишувал музика, тој на дворот на кнезот Естерхази го раководел и оркестарот, организирал концерти и се грижел за музичкиот живот на дворецот. Освен работата на дворот тој патувал и пишувал многу музика, и затоа за него се вели дека е композитор со многу голем опус, односно голем број на напишани композции како што се сонати, симфонии, квартетии, триа, концерти за инструменти, композиции за пијано и други инструменти.

Хајдн бил многу мил и со пријатен карактер, но водејќи го оркестарот не бил само диригент, туку нивен доверлив човек и пријател. Доколку имало спор тој морал да го реши и поради тоа бил како таттко на музичарите, па не е ни чудо што сите го викале „Папа Хајдн.”
Забавниот и креативен начин е единствениот правилен пристап за едукација на најмладите па затоа на еден ваков начин преку приказна, интеракција и музика децата се едуцираат за еден многу важен период и композитор од ерата на класичната музика.
Оваа музичка приказна е напишана од Франц-Георг Штелинг, кој е уметнички агент и Јерг Шаде – актер, автор и режисер, замолувајќи го Улф-Гвидо Шефер – кларинетист да ја аранжира музиката за квинтет кој со големо задоволство прифаќа и создава музика која совршено ја дополнува прекрасната приказна и дејството кое Штелинг и Шаде мајсторски го смислиле.

Консонанс ансамблот основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги огромните можности пред сè на дрвените дувачки инструменти кои го сочинуваат Консонас, а тоа се: флејта, кларинет, англиски рог, бас кларинет, како и останатите инструменти вклучени најчесто како концертни гости. Ансамблот го сочинуваат членови од Македонската Филхармонија и тоа: Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – Бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта како и виолинстката Ивана Здравкова. Сите овие музичари со долгогодишно искуство подеднакво се посветени на оркестарската, соло и камерната музика.
Здравко Ангелов своето музичко образование го оформува на ФМУ во Скопје. Добитник е на бројни награди, а како прв кларинетист, солист во оркестарот на Филхармонија, настапувал многу пати во улогата на солист во Македонија и надвор од неа. Своето долгогодишно искуство го гради посветувајќи се на изведба на различни музички жанри, од кои класичната музика зазема најзначајно место.
Маја Чанаќевиќ е обоист и англиски рог во Македонската филхармонија која долги години покрај негувањето на оркестарското музицирање, активно настапува и како камерен музичар и солист. Настапувала во Македонија и надвор од неа. Покрај активното музицирање таа делува и во полето на музичкиот менаџмент.
Елена Дојчинова е прва флејтистка во Македонската филхармонија. Музичкото образование го завршува во Скопје но инструментот го усовршува работејќи со еминентни флејтисти надвор од нашата држава. Посветена на солистичкото и камерно музицирање концертира заедно со различни ансамбли во Македонија и надвор од неа.
Сашко Темелковски е кларинетист и бас кларинетист во Македонската филхармонија. Еден од основачите на Консонанс, кој заедно со своите колеги активно делува во полето на оркестарската и камерна музика. Член е и на оркестарот на Фамес, каде се занимава со професионално снимање на филмска музика.
Ивана Здравкова е виолинстка која што ја развива својата кариера настапувајќи како солист и член на различни ансамбли и оркестри. Настапувала како солистка со Македонска Филхармонија а во моментов активно делува како соработник на орекстарот на Фамес и Македонска Филхармонија.
Консонанс како ансамбл има настапувано на најпрестижните национални фестивали и настани во Македонија како и во Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Турција и САД. Ансамблот има издадено и едно ЦД.
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан.
 
На 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во продукација на Театар „Хит“ – Скопје
Во пресрет на летото, Театар ХИТ – Скопје ја подготви претставата која покажува колку секое дете е важно во светот. Преку бајковит начин, песна и прекрасна актерска игра, оваа претстава за деца ја носи главната порака: Да има мир во светот, а тоа децата го бараат. Со љубов, другарство и песна да им кажеме на сите дека мир треба секаде да има.
Во претставата играат актерите на Театар ХИТ – Скопје:

– Магдалена Ризова – Черних

– Сашо Ристовски

– Ема Давчева
Автор и режија: Сашо Ристовски

Сценска визуелизација: Диди

Изработка на костим: Лепа Панчевска
Дарко Димитров, Елена Ристевска и Јулија Мациевска се познатите македонски имиња од светот на музиката кои несебично помогнаа во соработката околу музичкиот дел на претставата.

Претставата изобилува со оригиналност и е за сите возрасти.
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот, на влезот на Сули ан.
 
Исто така, на 27.06.2025г. (петок) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт насловен „Звуците на љубовта низ италијанскиот романтизам“ на Марија Ташевска (сопран) и Анастасија Кочева (пијано).
Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со страст, меланхолија и лиризам, преку интерпретациите на сопранистката Марија Ташевска и пијанистката Анастасија Кочева. Под наслов „Звуците на љубовта низ италијанскиот романтизам“, програмата ја води публкиката низ најемотивните страници од оперската и соло-вокалната литература на италијанските мајстори – Белини, Пучини, Доницети, Верди и Росини.
Изведбата опфаќа познати арии и канцони што ги одбележале љубовните теми во романтичниот опус: од нежната меланхолија на „Vaga luna“, преку драматичните повици на Џулиета и Мими, до виртуозноста на Росиниевата „La Danza“. Настанот претставува вистинско музичко патување низ емоциите и силата на љубовта во италијанската музичка традиција.
Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари, кои ќе се продаваат пред почетокот на настанот на влезот на салата во Музејот на македонската борба за самостојност.