Ова се водителките на Евросонг 2025 во Базел


Базел – Мишел Хунцикер, Сандра Студер и Хејзел Бругер ќе бидат водители на 69.Евросонг 2025 во Базел, Швајцарија. Сандра Студер е најпозната на фановите на Евровизија по претставувањето на Швајцарија на Евровизија во 1991 година со „Canzone per te“ каде што заврши на 5-то место. Таа стана успешна ТВ презентерка во Швајцарија и гостуваше во бројни емисии.

Хејзел Бругер е комичарка, презентерка и авторка. Својата кариера ја започна како новинарка работејќи во Швајцарија, Германија. Оттогаш стана етаблирана комичарка, освојувајќи награди во Швајцарија и Германија.

Мишел Хунцикер, бившата сопруга на Ерос Рамацоти, е ТВ презентерка, актерка и модел која зборува германски и италијански. Таа редовно се појавува на телевизија во Швајцарија и Италија, откако ја започна својата телевизиска кариера на „Раи Уно“ во Италија. Таа ќе им се придружи на Сандра и Хејзел на големото финале на 17 мај.

Оваа година е втора година по ред што женски тим ќе го предводи шоуто, пристап што беше користен и во Виена 2015, Лисабон 2018 и полуфиналето на Ливерпул 2023.

Швајцарија ја доби честа да биде домаќин на Евровизија 2025 откако „Немо“ триумфираше на натпреварот во 2024 година со нивната песна „The Code“. Песната освои импресивни 591 поен, со 365 од жирито и 226 од телегласот, обезбедувајќи ја првата победа на Швајцарија од 1988 година.

69-тото издание на Евровизискиот натпревар за песна ќе се одржи во Базел на 13, 15 и 17 мај 2025 година. (ЕБУ)