Ова се компаниите од чии акции Бил Гејтс има најголем приход


Со богатство од 132,2 милијарди долари, Бил Гејтс е деветти најбогат човек во светот. Ова богатство го стекнал и со вложување во акции од кои има дневен приход од 1,3 милиони долари.

Се очекува во текот на следната година од акциите да има приход од дури половина милијарда долари. Акциите на трите компании од кои Гејтс остварува најголем приход се Canadian National Railway, Microsoft, чиј коосновач е тој и Waste Management.

Тој поседува 54,8 милиони акции на Канадската национална железница, чија моментална вредност е 6,6 милијарди долари. Со оглед на тоа што оваа компанија минатата година исплати дивиденда од 2,38 долари по акција, тоа значи дека на Гејтс му била исплатена дивиденда од 130 милиони долари.

Во Мајкрософт има речиси 36,5 милиони акции, чија моментална вредност е 16,13 милијарди долари. Со просечна дивиденда од три долари по акција, тој би требало да заработи речиси 109,5 милиони долари од акциите на Мајкрософт во следните 12 месеци.

Во Waste Management, компанија која се занимава со управување со отпад во Северна Америка, тој има 35,2 милиони акции, чија моментална вредност е седум милијарди долари. Годишната дивиденда на оваа компанија е три долари по акција, што значи дека Гејтс во текот на следната година би требало да има приход од 105,7 милиони долари.

Споменатите компании не се единствените компании чии акции се значаен извор на приходи за Гејтс.

Имено, во инвестициската компанија за недвижнини Crown Castle тој има 1,4 милиони акции од кои се очекува годишен приход од 8,8 милиони долари.

Во прехранбениот гигант Крафт Хајнц има 2,6 милиони акции, кои се очекува да остварат годишен приход од 4,1 милион долари.

Тој има 755.000 акции во логистичката компанија United Parcel Service (UPS), која се очекува да има годишен приход од 4,9 милиони долари, пренесува деловниот портал Yahoo Finance.