Ова се 50-те највредни компании во светот
Пазарната капитализација е еден од начините за мерење на вредноста на компанијата како што е определено од берзата. Лесно се пресметува со множење на активните акции на компанијата со моменталната цена на акцијата.
Во инфографикот што следи, можете да погледнете дијаграм на кој се прикажани 50-те најголеми светски компании со јавно тргување, со податоци заклучно со 16 август 2023 година.

Сите податоци што беа користени за креирање на инфографикот се вклучени во табелата подолу.


*Целата табела можете да ја погледнете на овој линк.
Од овие податоци можеме да се види дека во светот има само неколку компании вредни над билион долари (илјада милијарда долари), вклучувајќи ги „Епл“, „Мајкрософт“, „Сауди Арамко“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Нвидиа“.
Двајца поранешни членови на клубот од билион долари се „Мета“ и „Тесла“, но и двете компании моментално лебдат околу 700 милијарди долари. Во 2022 година, „Мета“ ја загуби вредноста бидејќи нејзината заработка падна, додека „Тесла“ страдаше од недостаток на побарувачка.
Севкупно, вредноста на 50-те највредни компании е над 26,5 билиони долари. На ниво на сектор, информатичката технологија е најзастапена во првите 50, со 9,3 билиони долари комбинирана пазарна капитализација. Следните најголеми сектори се од областа на потрошувачката (Consumer Discretionary) (4,0 билиони долари) и здравствената заштита (3,3 билиони долари).
Според географската застапеност, повеќето од 50-те највредни компании се американски. Следната табела го прикажува вкупниот број за секоја земја.

По САД, трите најзастапени земји се Швајцарија, Франција и Кина, со по три компании.
Компаниите како „Нестле“, „Рош“ и „Новартис“ се од Швајцарија. Последните две се главни играчи во здравствената индустрија.
Сите француски компании на топ 50 листата припаѓаат на секторот Consumer Discretionary, а ги вклучуваат модните гиганти ЛМВХ (LVMH) и „Хермес“ (Hermès), како и „Лореал“ (L’Oréal), глобалниот лидер во козметиката. На почетокот на оваа година, извршниот директор на ЛВМХ, Бернард Арно, официјално беше најбогатиот човек во светот со богатство од 215 милијарди долари.
Конечно, од кинеска страна се две глобално признати имиња „Тенсент“ и „Алибаба“. Третата кинеска компанија на оваа листа е Kweichow Moutai, делумно државен производител на алкохол.
(Извор: Visualcapitalist)