Ова е новиот Закерберг: Има 29 години, 22 милијарди долари и сè заработил сам

Можеби никогаш не сте слушнале за Сем Бенкмен-Фрид, но овој 29-годишник е на врвот на листата на Форбс за најбогатите луѓе во светот до 30 години. Тој исто така може да се пофали со високата 32-та позиција на целокупната листа на Форбс на најбогатите луѓе во светот. Банкмен-Фрид се занимава со крипто бизнис и има 22,5 милијарди долари на сметката, што го прави најбогатиот човек кој работи на крипто-пазарот, пишува Entrepreneur.
Банкмен-Фрид веќе нашироко го нарекуваат новиот Марк Закерберг. Младиот милијардер го изгради своето богатство преку серија стратешки инвестиции во криптовалути, прво како трговец, а сега како основач на FTX, која се занимава со размена на дигитални средства кои овозможуваат купување и продажба на токени како што е Биткоин, пренесува Нова.рс.
Интересно, тој стана милијардер речиси ненамерно. Тој се впушти во светот на криптовалутите без јасна претстава за тоа што навистина е. Целта му била да добие што повеќе пари за во иднина да ги подари во стилот на Робин Худ, иако не прецизираше како и на кого.
Иронично, тој всушнот не верува во криптовалути. Тврдел дека ќе се откаже од нив ако може да заработи повеќе со нешто друго, дури и ако тоа е продавање сок од портокал.
Како се збогатил?
Овој милијардер е син на професор по право на Универзитетот Стенфорд, дипломирал приватно средно училиште во Калифорнискиот залив и во 2014 година студирал физика на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). За време на колеџот, тој поминувал повеќе време играјќи видео игри отколку на учење, а повеќе се интересирал за моралот и етиката отколку за науката.
„Беше прекрасно. Бев повеќе хипик, а помалку научник“, призна еднаш.
По дипломирањето се вработил во финансиската компанија „Џејн стрит капитал“. Тогаш биткоинот го имаше својот прв голем пораст и скокна од 2.500 на речиси 20.000 долари по токен. Сем виде можност да купи Биткоин во САД во 2017 година и да го продаде во Јапонија за 30 проценти повеќе.
На крајот на таа година, младиот човек дал отказ, го зел милионот долари што го заштедил и добил уште еден милион со заеми од пријателите и семејството. Со таа инвестиција, тој ја основа Alameda Research, трговска компанија посветена на креирање стратегии засновани на математички пресметки за да се идентификуваат деловните можности.
Во јануари 2018 година, тој ја основа FTX. Во раните денови, FTX работеше од VIVork во Хонг Конг со само десетина вработени. Компанијата растеше толку брзо што набрзо достигна вредност од 18 милиони долари и продаде дел за околу 70 милиони долари.
Минатиот септември Сем го пресели своето седиште на Бахамите, а бидејќи индиректните трошоци на компанијата се многу мали, профитните маржи изнесуваат 50 отсто.
Минатата година FTX имаше приход од 750 милиони долари и профит од 350 милиони долари.