Ова 14-годишно момче создаде сапун кој помага во борбата против ракот на кожата
Четиринаесетгодишниот Хеман Бекеле, ученик во средното училиште WT Woodson во Вирџинија, САД, создал сапун кој може да помогне во лекувањето на ракот на кожата. За оваа идеја тој неодамна освои награда од 25.000 долари на 3M Young Scientist Challenge и титулата најдобар млад научник во Америка. Тој комбинирал едноставни соединенија и создал производ кој ја стимулира активноста на дендритичните клетки, заштитниците на клетките на кожата.
Овој млад научник во создавањето се преселил во САД со своето семејство од Етиопија кога имал четири години. Уште од рана возраст, тој покажаl голем интерес за науката, а наскоро неговите идеи станаle опипливи иновации.
Секој петок, вели тој, слободниот час во основно училиште го користел за кодирање игри или играње со кола. „Беше многу забавно“, се сеќава Бекеле. Создавањето формула за сапун за лекување на меланомот, исто така, започна како забавен експеримент, изјави тој за FCPS.
Тој вели дека бил уништен од фактот што, кога станува збор за ракот на кожата, операцијата чини 40.000 долари. „Поради ова, луѓето треба да изберат помеѓу лекување и хранење на нивните семејства. Има толку многу смртни случаи што може да се спречат. Сакав да се обидам да најдам начин целиот свет да добие фер и прифатлива форма на третман за рак на кожата“, рече тој.
Така тој започнал да го истражува ракот на кожата, проучувајќи ги дендритичните клетки кои помагаат да се заштити. Потоа со месеци истражувал салицилна и гликолна киселина и третиноин, обидувајќи се да ја најде вистинската комбинација. Тој разви SCTS, што е скратено за сапун за третман на рак на кожа, и делува со реактивирање на дендритичните клетки.
Процесот, вели тој, го научил колку е важна упорноста, а голем предизвик бил да се најде вистинската комбинација што ќе обезбеди сапунот да се држи заедно без да се распаѓа. Користејќи 3M Cavilon (хидратантен и заштитен крем), кокосово масло и органски шеа путер, тој успеа.
„Беше тешко да се направи сапун кој не се топи веднаш“, вели Бекеле, додавајќи дека пробал десетина комбинации. „Упорноста е многу важен дел од научниот процес. Сапунот содржи повеќе состојки кои се евтини што го прави достапен за повеќе луѓе“, нагласи тој.
Тој рече дека се надева дека ќе го донесе сапунот на пазарот во следните пет години и ќе започне непрофитна организација за да може да биде достапен за сите на кои им треба. Тој ќе ја искористи наградата од 25.000 долари за да го финансира развојот на производи и да го продолжи своето образование.
„Имам уште многу да откријам, но во моментов размислувам да направам нешто во биомедицинската индустрија или нешто како електроинженер, па едно од тие области би било навистина кул“, рече Бекеле.