Отворен е повикот за собирање младински предлози за зелена Кисела Вода


Во тек е отворениот повик за собирање на младински предлози за зелена Кисела Вода.

Повикот се спроведува преку соработката на Општина Кисела Вода и здружението Go Green – Биди Зелен. Од Општината го објавија прашалникот кој младите треба да го пополнат и да го искажат своето мислење за начините на кои може да се воведат зелени површини во Општина Кисела Вода. 

Како што стои во објаснувањето во самиот прашалник, тој е исклучиво наменет за лица помеѓу 15 и 29 години кои, согласно Законот за младинско учество и младински политики, влегуваат во категоријата на млади луѓе и е за младите од Град Скопје, Општина Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Куманово.

-Ги охрабруваме младите лица со своите решенија и идеи да учествуваат во креирањето на промените кои треба да ја направат Кисела Вода подобро и поеколошко место за живеење. – стои во објавата на Фејсбук на Општина Кисела Вода. 

Прашалникот може да го отворите на следниот линк