Отворен ден со РЕДИ Рециклажа
Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа денеска организира Отворен ден во чии рамки ќе ја презентира својата стратегија, но и сознанијата за важноста и иднината на Ромите во зелената економија.
РЕДИ Рециклажа е социјално претпријатие раководено од Роми, собирачи на секундарни суровини кои користат циркуларна економија за рециклирање секундарни суровини.
-Наша цел е формализирање и организирање на собирачите на секундарни суровини преку воспоставување соодветен систем за примарна селекција на отпад, вели извршниот директор на РЕДИ Рециклажа, Асиб Зекир.
На настанот ќе присуствуваат владини претставници, претставници од граѓанското општество и од финансиски институции, како и Ромите кои активно се вклучени во рециклирање во земјава.