Отворен час за Блаже Конески пред МАНУ
Културно-едукативниот центар „Небрегово“ денеска во 11 часот по повод 30 години од смртта на Блаже Конески организира „Отворен час за бесмртниот Конески“ кај споменикот пред МАНУ.
На настанот ќе учествуваат ученици, студенти, професори и други почитувачи на Блаже Конески.
За ликот и делото на Блаже Конески ќе говорат Весна Мојсова-Чепишевска и Атанас Конески.