Отворање на новата детска градинка „Пролет“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска ќе ја отвори новата детска градинка „Пролет“, изградена по најсовремени стандарди, најавуваат од Општината.
Градинката се наоѓа на улицата „Мирче Ацев“ бр. 102 во населбата Пролет, а нејзината изградба започна во 2022 година и е целосно финансирана од буџетот на Општина Центар.