Отстранети рекламни објекти од пешачките патеки во Скопје


Град Скопје спроведе акција за отстранување на билборди и други рекламни објекти од пешачките патеки на неколку улици во градот.

„Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите“, соопштија од Градот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред извесно време најави дека ќе отрстранат повеќе билборди кои го попречуваат движењето на пешаците и велосипедистите низ градот, за поголема безбедност во движењето.