Отстранети ѓубриштата на „Џон Кенеди“


Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираа акција
за отстранување обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во скопската
општина Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно
одложен отпад, по што екипите на претпријатието спроведоа и рачно миење на
микролокацијата. Активностите беа реализирани во соработка со ЈП „Паркови и
зеленило“.

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје го осудуваат тенденциозното непрописно
исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини што во последниот период најчесто е
забележано во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на
комуналниот отпад. Секое исфрлање отпад надвор од наменски поставените садови
претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота.