Отстранета диво поставена ограда на последна 5-ка

Инспекциските служби на Општина Аеродром денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче.
Оградата била поставена на државно земјиште без одобрение, со што се создале услови за појава на голема дива депонија, која ја загрозува животната средина и претставува опасност за здравјето и животот на граѓаните.
На истата локација е предвидена изградба на мегапарк и фудбалски стадион со што целосно ќе се облагороди овој простор запуштен со децении.
Од општината апелираа за совесно однесување како на физичките, така и на правните лица, а секое прекршување на прописите и законите веднаш ќе биде санкционирано.
Инспекциските служби на општината се постојано на терен, воведена е втора смена, како и дежурни служби во саботите, а инспекторите и комуналните редари ја следат ситуацијата во секој дел од територијата под наша надлежност.