Отпочната реконструкција на улица „111“ во Јака
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска најави дека започнала реконструкцијата на улица „111“ во Јака.
Како што посочи Георгиевски во објавата на Фејсбук, со овој проект жителите на Јака добиваат реконструкција на коловозот во должина од 550 метри и нови тротоари со широчина од 1,5 метри од двете страни на улицата.
Тој воедно нагласи дека пред неколку дена во Јака завршила целосната реконструкција на улицата „103“.
„Со реализацијата на оваа улица ќе бидат комплетно завршени главните пристапни патишта во Јака, што претставува исполнување на нашите заложби за уредување и модернизација на локалната патна инфраструктура во ова населено место“, порача градоначалникот.