Откриени причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга

Американскиот актер Џин Хекман почина од срцева болест, а откриено е дека боледувал и од напреднатата Алцхајмерова болест, пишува Асошиејтед прес.
Неговата сопруга Бетси Аракава почина од последиците на инфекција со хантавирус.
Вирусот може да предизвика сериозно воспаление на белите дробови (со кашлица и отежнато дишење) или на бубрезите (со осип, абдоминална болка, а понекогаш и бубрежна инсуфициенција). Хантавирусот се шири преку контакт со заразени глодари или нивни измет.
Властите во петокот објавија дека Аракава починала во нејзиниот дом и дека Хекман починала една недела по неа.
Безживотните тела на Хакман и Аракава беа пронајдени на 26-ти февруари. Властите по првичната анализа рекоа дека нема индиции дека нивната смрт била сомнителна или резултат на какво било криминално дело. Во телата на сопружниците не биле пронајдени траги од јаглерод моноксид, па властите утврдиле дека тие не умреле од труење.
Аракава била пронајдена во бањата од нејзиниот дом. На кабинетот во бањата било пронајдено шише со лекови на рецепт и расфрлани апчиња. Властите ја поврзаа нејзината смрт со хантавирусниот пулмонален синдром.