„Отело“ на Шекспир како поддршка на уметниците од Украина – со „Улисис“ од Бриони се затвора фестивалот  „РУТА“ 2023

Режисерката Оксана Дмитрииева го предложи текстот „Отело“ како приказна за херој кој по војната мора да продолжи да живее во мирновременско опкружување. Да, тоа е тоа. Шекспировата генијалност повторно нѐ поврзува“


Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир, вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од Хрватска (Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички) и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина- САРТР. 

Ленка Удовички во програмата за претставата „Отело“ истакнува: „Живееме во време на војни кои постојано нѐ пратат, а од 24.2.2022 година над нас е сенката на војната во Украина. Како луѓе и уметници важно е да проговориме, да дејствуваме и да поставуваме прашања. Едно од најдлабоките чувства кое го носам со себе како лично искуство од времето на деведесеттите години од минатиот век, е чувството на шок, дезориентација, страв и осаменост што се случува кога ќе осознаете дека се соочувате со она што е непоимливо… Војна. Во тој миг на соочување со најинтимните длабочини на човековата душа и природа, од непроценливо значење ми беше пружената пријателска рака.

Оттука, преку оваа соработка, ја изразуваме нашата солидарност и поддршка со нашите колеги уметници од Украина. Оксана Дмитрииева го предложи текстот „Отело“ како приказна за херој кој по војната мора да продолжи да живее во мирновременско опкружување. Да, тоа е тоа. Шекспировата генијалност повторно нѐ поврзува“.

Директорот на најголемиот летен фестивал во регионот „Улисис“ на Бриони, Душко Љуштина и актерката Маја Салкиќ

На прес конференцијата во Драмски во Скопје, за претставата актерската екипа и директорот на најголемиот летен фестивал во регионот „Улисис“ на Бриони, Душко Љуштина, кој 36 години го водеше театарот „Керемпух“ во Загреб,  говореа за процесот на создавање на истата, за безвременоста на текстот на Отело и пост трауматскиот синдром на луѓето што биле учесници во воените дејствија. Тоа што регионот и Сараево го преживеаја во деведесеттите, Киев во изминатата година, а овие денови го преживуваат луѓето во Израел и појасот Газа е стравотно и остава далекусежни трауми на повеќе генерации.

Актерската екипа ја истакна благодарноста за соработката со режисерката Оксана Дмитриева која живее и работи во Харков и нејзиниот тим од Украина –  сценографот и костимограф Михајло Николајев, композиторот Катерина Палачова и кореографот  Ина Фалкова. Нивна трајна придобивка е можноста да се запознаат со поинаква театарска школа  да дадат свој придонес во испреплетувањето на различни културолошки влијанија во самиот процес на подготовка на претставата.

Во претставата играат: Eрмин Браво, Албан Укај, Ана Марија Брѓановиќ, Давор Сабо, Маја Салкиќ, Јасенко Пашиќ, Снежана Богиќевиќ, Аднан Кресо, Ален Коњиција и Мак Ченгиќ.

Премиерата на претставата беше на Бриони во јули каде што се играла неколкупати и по сараевската премиера, вечерва во Скопје „Отело“ ќе биде изведена на затворањето на  фестивалот РУТА.

Театарот  „Улис“ е основана во 2001 година од актерот и режисер Раде Шербеџија и драматургот Борислав Вујчиќ. Со своето име, тоа е омаж на Џејмс Џојс, писателот чија биографија и дело сведочат за неговото присуство на Бриони.
Првата изведба на Улис на Бриони беше Шекспировиот Крал Лир, која се повторува во сите наредни сезони и стана заштитен знак на овој театар. Една година подоцна, Медеја на Еврипид беше изведена со Мира Фурлан во насловната улога, што предизвика голем медиумски интерес. Во 2003 година ја поставија претставата на Марат Саде. Претставата Бекет беше поставена во 2004 година, а Хамлет во 2005 година. Компанијата Тесла на Пандур беше поставена во 2006 година. Дури две претстави беа изведени во 2007 година, Баладите на Петрика Керемпух и Пијаната ноќ 1918 година, а две беа на репертоарот една година подоцна: и Ромео и Јулија ’68, додека во 2009 година на програмата беше Дон Жуан во режија на познатиот Паоло Маџели. Тие ја одбележаа својата јубилејна, десетта сезона, со поставување на Шекспировата Бура. Во првите десет години од театарот најмногу претстави режираше Ленка Удовички, а две на Томаж Пандур. Во 2011 година беше изведена претставата Кабаре Брехт – одржлив подем од Артур Ули со одлична млада актерска екипа предводена од Озрен Грабариќ во главната улога. Во 2012 година ги поставија „Одисеја“ на Горан Стефановски и „Покојникот“ на Бранислав Нушиќ. Таа година, театарот Улис стана центар на регионалниот театарски живот во вистинска смисла, а во двете претстави играа најголемите ѕвезди на овие простори, како Јелисавета Сека Саблиќ, Зијах Соколовиќ, Никола Ристановски, Јасна Ѓуричиќ, Анита Манчиќ и Озрен. Грабариќ, која се истакна во насловната улога на Одисеј.

Во изминативе шест дена, Драмски театар беше домаќин на регионалната театарска елита. Со свои претстави пред македонската публика настапија членките на Регионалната унија на театри: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Бриони, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. За сите претстави се бараше (гага) карта повеќе, и посетеноста беше масовна. Зашто, како што рече денес на пресот во Драмски, гостинот од Хрватска, Љуштина – народ кој не го помага театарот, „ или умрел или ќе умре“. (Л.С.)