Осум пациенти со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство, Беким Сали кажа дека скапиот лек „Трикафта“ прво ќе биде набавен за осум пациенти кои се наоаѓаат во тешка здравствена состојба.

Сали рече дека се обидуваат до крајот на годината лекот да биде набавен за 30 пациенти, а набавката ќе почне откако ќе се изменат спорните закони за лекот да може да биде купен директно од производителот.

Министерот засега не знае кога ќе биде лекот во Македонија, но вети дека ќе се потрудат пациентите да добијат терапија што побрзо.

– Ќе бидеме во комуникација со производителот и обезбедување на терапија најпрво за осум пациенти кои се во тешка здравствена состојба. Се стремиме набавката на лекот да биде за 30 пациенти во текот на годината, рече Сали.

Во моментов во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза.