Осум млади во БиХ се задушиле од гасови чекајќи Нова година во викендичка


Трагедија се случи на новогодишната ноќ во босанско-хрцеговското село Трибистово, кај Посушје, кога во викендица осум лица се задушиле од отровни гасови од агрегат за струја, објавуваат босанските медиуми.

„Вистина е, осум млади луѓе починаа“,потврди Министерството за внатрешни работи на Западно-херцеговскиот кантон.

Според босанските медиуми, во викендицата имало 10 млади лица, на околу 20 години, од кои две преживеале, но се во многу тешка здравствена состојба и се борат за живот.

Неофицијално, осуммината починати се четири момчиња и четири девојки.