Осум лица загинаа во пожар во станбена зграда во Сибир
Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Пожарот избил синоќа околу 22.30 чсот на третиот кат од една станбена зграда, а пожарникарите на терен излегле осум минути по повикот, наведува Тасс.
„Откако пожарокот бил изгаснат, пронајдени се осум тела, вклучувајќи и на четири деца”, соопштија од министерството.
Извор од локалната администрација за руската агенција изјавил дека во пожарокот погинал и обвинителот Василиј Федорцов.
-Во пожарот настрадаа обвинителот и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра, навел изворот за Тасс.