Осум деца починаа по вчерашниот напад во Кина


Вкупно осум од десетте ученици кои беа хоспитализирани по вчерашниот напад во Кина, починаа, соопшти денеска локалната полиција.

Нападот се случи во утринските часови во основно училиште на првиот ден од училишната година во градот Енши, во централната кинеска провинција Хубеи.

Сите повредени ученици беа итно хоспитализирани, но само две деца го преживеаја нападот.

Полицијата досега не откри каков вид напад е извршен, дали напаѓачот имал оружје и кои биле мотивите да ги нападне децата.

Според локалните медиуми, мажот не бил женет и претходно му било судено за обид за убиство. Полицијата засега не ги потврди овие информации.