Осум бизарни навики на кралицата Елизабета II

Кралицата Елизабета II,  која денеска го прославува 93. роденден, има некои бизарни навики – додека за некои има логични објаснувања, другите се банални, дури и смешни.
Никогаш не патува без пакување од својата крв
Со неа секогаш оди тим лекари кои се задолжени за грижа за нејзиното здравје. Освен тоа. должни се во секое време да знаат кои се најблиските болници во градовите кои ги посетуваат, а со себе секогаш носат голема медицинска торба во која има мобилен дефибрилатор, како и други инструменти и апарати за итна помош. Покрај тоа, лекарите секојпат со себе носат пакување од крвта на кралицата, во случај да им затреба трансфузија.
Во палатата забрането е да се отвораат прозорците
Секако, тоа не се однесува на сите прозорци, туку само на предната страна од Бакингамската палата. Се смета дека таа треба во секој момент да изгледа совршено, а отворениот прозорец би го нарушил изгледот.
Кралицата не поднесува коцки мраз
Кралицата не го поднесува звукот што го прават коцки мраз во чаша, па затоа, специјално за неа смислена е машина која произведува топки мраз, а таа смета дека звукот што тио го прават е попријатен.
Необичен предмет во нејзината ташна
Додека повеќето дами носат огледалца, шминка и пари во торбицата, кралицата носи еден чуден предмет кој секогаш мора да е таму. Имено, станува збор за специјално дизајниран држач за торбички, на кој едноставно може да ја закачи својата ташна. Со тоа, се олеснува и проблемот на праќање порака преку ташните. имено, доколку таа ја остави торбата на земја, значи дека сака брзо да си замине од настанот на кој присуствува.
Не сака мажи со брада и лептир-машна
Додека повеќето жени овие детали ги сметаат за мажествени, кралицата Елизабета ги смета за иритантни. Токму затоа, во нејзиното окружување мажите мора да се избричени, а единствен исклучок е внукот Хари, на кој се обидела да влијае, но безуспешно.
Секоја нејзина комбинација за облекување има реден број
Секоја комбинација која кралицата Елизабета ја носела има свој единствен број со кој е назначено во која прилика ја носела облеката. Бидејќи сака силни бои и класичен стил на облекување, комбинациите може лесно да се помешаат, а со броевите се води сметка таа да не се појави во иста комбинација два пати на некој настан.
Никогаш не јаде супа, ни компир
Секако, овие јадења се послужуваат во Бакингамската палата, но никогаш нема да биде послужена доколку е присутна само кралицата. Вработените во палатата никогаш нема да ѝ послужат супа, а што се однесува на компирот, не е дека не го сака, туку смета дека не ѝ одговара на нејзината диета.
Новите чевли мора да бидат добро разгазени
Иако со години наназад таа се одлучува за ист модел чевкли, од ист бренд, сепак не сака да почувствува непријатност од нови, крути чевли, туку пред првото обување, секогаш мора да се добро разгазени, а тоа го прави слугинка која носи ист број како и кралицата.