Остранета опасна карпа што надвиснуваше над автопатот Скопје-Велес

По инцијатива на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска, безбедно и успешно е отстранета опасната карпа пред првиот тунел (Катлановско) на автопатот Скопје – Велес, а во координација и реализација со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонијапат“.
Конкретно, во рамки на постојано активната кампања на ЦУК „Пријави опасност“ по пријава на граѓани на Единствениот повикувачки број 112, од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш за забележаната опасна состојба и положба на распукана карпа се информирани надлежните за соодветна натамошна постапка за отстранување на потенцијална опасност, согласно оперативните процедури и стручни проценки на јавното претпријатие.
ЈП за државни патишта и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта денеска организираа успешно и безбедно отстранување на опасната карпа со нејзино рушење, а потоа и отстранување од автопатот на делницата од автопатот, конкретно, Катланово – Велес 46+800 пред тунел именуван како „Солишта“ (првиот тунел над реката Пчиња), со што е отстранета потенцијалната опасност по животот и материјалните добра на тој дел од делницата од автопатот.