Оставка поднесе и националниот координатор за имплементација на нови технологии, поддржувач на Таравари


 

Блерант Рамадани, националниот координатор за имплементација на нови технологии, поднесе неотповиклива оставка од својата функција, соопштува Алијансата за Албанците. Тој е третиот функционер кој поднесува оставка по лидерот на партијата, Арбен Таравари.

„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја.

Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот.

Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици“, напиша во оставката Рамадани.