Оставка поднесе директорот на Експо 2027, Душан Боровчанин

Душан Боровчанин поднесе оставка од функцијата директор на компанијата Експо 2027, што ја основа Владата на Србија како друштво со ограничена одговорност за организација на специјализирана меѓународна изложба, објави „Радар“. На таа позиција, како што самиот потврди, ќе го замени Данило Јериниќ, кој досега беше директор за операции во компанијата.
Јериниќ потврди дека Боровчанин останува дел од тимот и се префрла на позицијата советник на директорот за комуникација со Меѓународното биро за изложби и земјите учеснички.
Основачкиот капитал на компанијата се зголеми од почетниот милион на 4,1 милијарди динари, а сите 35 милиони евра ги исплати државата на 5 јуни оваа година
Експо 2027, специјализирана меѓународна изложба, ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година, со тема „Игра(ј) за човештвото“.
„Експо влегува во нова фаза на развој, што подразбира премин од фазата на планирање и стратешка подготовка на проектот во фазата на негово непосредно спроведување на терен. Пред нас е година и пол напорна оперативна и теренска работа, во која е потребно менаџерот на компанијата да премине од улогата на подготовка и развој на планирањето, која Боровчанин ја изврши одлично… Се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми беше укажана и ќе ја доведам до крај имплементацијата на овој, за нашата земја, исклучително важен проект“, изјави Данило Јериниќ во кратка писмена изјава за „Радар“.