Оспоруваниот Ерик тен Хаг официјално стана наследник на Чаби Алонсо


Денес, Баер Леверкузен официјално го претстави новиот шеф на тренерскиот штаб, а тоа е поранешниот тренер на трофејниот Ајакс, Ерик тен Хаг, кој го уништи својот углед со неуспешниот мандат во Манчестер Јунајтед.
Реклама

Тен Хаг потпиша договор до 2027 година и со тоа ќе стане наследник на Чаби Алонсо, кој станува нов тренер на Реал Мадрид.

Холанѓанецот ќе има многу тешка работа бидејќи клубот од Леверкузен минатата сезона ја освои тројната круна и првенството без ниту еден пораз, а оваа сезона повторно ќе се натпреварува со шампионот Баерн.

Тие ќе бидат без голем број играчи кои го постигнаа овој успех, вклучувајќи го и најскапиот фудбалер во претстојниот преоден рок, Флоријан Вирц.

Џонатан Тах заминува бесплатно, а Џереми Фримпонг е пред заминување во Ливерпул, па скелетот на тимот ќе се распадне.
Да ве потсетиме дека Тен Хег освои три титули во лигата и два Купа и уште еден Суперкуп со Ајакс, како и Карабао Купот и ФА Купот со Јунајтед.

Сепак, тој не успеа да направи пробив во Премиер лигата, па славниот клуб се ослободи од него.