Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.
Со пораки за родова еднаквост на жените и мажите од бината пред Меморијалниот музеј е во тек обраќањето на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски кој меѓу другото ја нагласува големата улога на жените работнички, земјоделки, успесни жени, а родовата еднаквост е општествено прашање.
-Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството, храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка, порача денеска на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Таа порача дека ниту стравот, ниту молкот не е опција. – Не е опција ниту зборувањето напразно. Затоа, ги повикувам сите жени, без разлика на сите наши разлики, заедно да му се спротивставиме на овој погубен говор на омраза. Да дадеме пример како не мора исто да мислиме, но можеме достоинствено да разговараме. Верувајте, ќе ни се приклучат сите мажи, сите оние кои знаат дека без жените, животот би бил грешка, порача Лукаревска.
-Вие жените сте потребни на државата, на општеството, во политиката, во бизнисот, во институциите, на нивите, во лекарските ординации, во медиумите, во училниците, во фабриките, во културата и само со вашата тактичност, верба, одлучност, какви што ги има само жената, можеме да ги движиме успешно економскиот развој и европските перспективи“, рече лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на Маршот.
Ковачевски повика на акција и на гласност на жените, додавајќи дека сите мора да работат на унапредување на родовата еднаквост.
– Правиме усогласувања со коалициските партнери што се однесуваат на нови унапредувања на родовата еднаквост:
-Измени и дополнувања на Изборниот законик, во правец на постигнување целосна родова еднаквост на листите за пратеници и советници;
-Измени и дополнувања на Законот за Влада, преку воведување најмалку 40 проценти жени во извршната власт;
-Измени и дополнувања на Изборниот законик и воведување квота од 30 проценти од помалку застапениот пол, за избор на градоначалници;
-Донесување родово сензитивен Деловник за работа на Собранието на Република Северна Македонија, до крајот на 2023 година;
-Законско регулирање на интернет просторот за спречување говор на омраза“ истакна Ковачевски.
Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска во обраќањето на Осмомартовскиот марш во Прилеп посочи дека СДСМ во изминатите години донел бројни закони со кои суштински се унапреди и афирмира положбата на жената во општеството.
„Ќе спомнам само неколку закони важни за жената и родовата еднаковст: Закон за еднакви можности на жените и мажите, Закон за заштита и спречување од дискриминација, закон за заштита и спречување на дискриминацијата, Закон за прекинување на бременоста, Кривичниот законик, Закон за обештетување на жртвите на насилство и многу други закони донесени во време кога СДСМ е на власт. Покрај веќе донесените закони, во овој период го финализираме текстот на новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе воспоставиме механизам кој гарантира унапредување на положбата на жената. На прагот сме на воспоставување на Секретаријат за родова еднаквост со кој се етаблира институционалната рамка за родова еднаквост“ порача таа.
Тренчевска истакна дека со измените на Кривичниот закон се воведоа нови кривични дела како што се насилство врз жени, демнење, сексуално насилство, каде предмет на заштита е токму жената, но истовремено се презедоа низа системски мерки за унапредување на економскиот стандард на жената.
„За жените земјоделки за прв пат во историјата на државата обезбедивме надоместок за мајчинство односно породилно отсуство.
Изградивме близу 80 градинки, за да можат и децата да се вклучат во предучилишното образование но и мајките да се вклучат на пазарот на труд.
Билјана Кузманоска, претседателка на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп,пак, порача дека Ковачевски не води грижа за правата на жените ниту бара одговор на некои суштински прашања.
-Човекот, кој пред само некој ден, со крајно дрско и безобразно однесување кон пратеничка од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе маршира за правата на жените? За каква солидарност, за какво изедначување на жените и мажите ќе зборува Ковачевски. Дали Ковачевски ќе побара одговорност од директорката на прилепската болница за хаосот кој владее таму и ќе се заинтересира за прерано згаснатите животи на пациенти?, изјави Кузманоска на прес – конференцијата во Прилеп.
Кузманоска побара одговор и на прашања поврзани со историјата.