Османи во посета на Португалија

На средбите, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе реферира за напредокот на земјата во европските интеграции, а во пресрет на Извештај на Европската Комисија. Посебен фокус ќе биде ставен и на поддршката од Португалија на европските интеграции на Северна Македонија, а во пресрет на јунските самити на Европската Унија.
Во рамки на работната посета на Португалија, вицепремиерот Османи в недела ќе учествува на Годишниот „Хорасис глобален состанок“ (Horasis Global Meeting ) што е еден од водечките светски собири за бизнис и политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”. Османи ќе има обраќање на панелот посветен на предизивиците и перспективите на Европа и Европската Унија, насловен „2019, година на обнова на Европската Унија“ .
Фото: Б. Грданоски