Османи со тим од МНР на преговори во Софија


Eкспертски тим од тројца претставници од МНР предводен од министерот Бујар Османи вчера бил во еднодневна посета на Софија. Во бугарското МНР заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Теодора Генчовска и нејзиниот тим разговарале за нова поприфатлива верзија на францускиот предлог, јави ТВ 24.

Според овие информации, преговорите се во сензитивна фаза, а Софија засега не попушта за бугарските црвени линии, кои македонската страна ги дефинираше како неприфатливи.

За македонската страна предлогот од Париз во оваа форма е официјално неприфатлив , а дека нема ништо ново на повидок денеска потврди и премиерот.