Османи со поддршка до Захариева за случајот со шпионажа во корист на Русија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија,.
-Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на територијата на Република Бугарија, напиша Османи на неговиот твитер налог обраќајќи се до Захариева.
Бугарското Државно обвинителство соопшти дека е откриена криминална група за шпионажа во корист на Русија. Таа била раководена од поранешниот шеф на бугарското воено разузнавање, кој во 1970-тите дипломираше на училиштето ГРУ во поранешниот Советски сојуз, кого Обвинителството го нарече „резидент“.Тој регрутирал лица кои имале пристап до класифицирани информации важни за Бугарија, ЕУ и НАТО, јави дописникот на МИА од Софија.