Османи со писмо да пратениците: Во петок вие одлучувате за иднината!

„Во петок ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите влади во изминатите 30 години. Од вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на пасошизација на граѓаните кои бараат европска иднина за себе. Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет“, им напишал Османи на пратениците.
Шефот на дипломатијата во писмото ги убедува пратениците дека, како што вели, македонскиот јазик и македонскиот идентите се зачувани.