Османи повлече веќе именуван амбасадор за Белград
Министерот за надворешни работи Бујар Османи побарал од спикерот на Собранието Талат Џафери да преземе соодветни чекори за прекинување на процедурата на дипломатот Васко Грков за амбасадор во Белград.
Неофицијални извори во МНР тврдат дека Османи барал Џафери и Собранието да ја откажат седницата на собраниските тела на кои треба да се даде дозвола за именување на Грков или да се тргне неговото именување од дневниот ред.
Од МНР не ги откриваат причините за запирање на постапката за именување на Грков но не негираат дека дипломатот има сериозен брзбедносен проблем поради кој нема да биде амбасадор во Белград.
Предходно беше објавено дека еден македонски амбасадор нема да замине на својата дестинација поради тоа што македонските служби за безбедност откриле безбедносни и разузнавачки опасности и закани по Македонија во неговото именување за амбасадор во една соседна држава.