Османи: Почна „сезоната за лов“ на провокаторите и политичките профитери
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно.
Според него, треба да продолжиме ладнокрвно, внимателно да го зачуваме тој имиџ да изградиме стратегија за заштита на државните интереси, а не, како што рече, „да јаваме на бранот на јавноста“.
– Јас реков сезоната на лов на провокатори и политички профитери е почната и секој ќе се обиде на вакви сензитивни теми да го изгради својот наратив, кажа Османи.
Македонија, истакна Османи, покажала силен, демократски и институцинален капацитет и низ брза ефикасна постапка го ставила последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи и приведувајќи сторител на кривично дело против кого активно се водат истражни дејствија.
– Нашата осуда беше откако обвинителството во Охрид имаше првична проценка дека инцидентот е поради елементи на идентитетски или етнички обележја, рече Османи.
Претходно, во изјава на Радио Слободна Европа, Османи рекол дека МНР не добило официјална потврда дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор е поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.
– Доколку повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поврзано со инцидентот што се случи во Охрид, тоа би го сметал за диспропорционална акција, бидејќи станува збор за индивидуален инцидент за кој државата ги презеде сите можни мерки, изјавл Османи за Радио Слободна Европа.
Официјална Софија го повлече на неодредено време нејзиниот амбасадор од Македонија.