Османи од Чаир: Изборната трка станува движење за отпор

Во мобилизирачко обраќање пред над 600 членови и поддржувачи во Чаир, кандидатот за градоначалник Бујар Османи порача дека изборната трка добива многу пошироко значење од обична политичка кампања.
„Овде се создава народно-општествено движење на отпорот и надежта“, истакна Османи, обраќајќи се пред полна сала во Чаир. Според него, ова движење е одговор на исклучувањето, дискриминацијата и политичката ароганција која трае повеќе од две децении.
„Луѓето не бараат замена на еден функционер со друг. Луѓето сакаат да се промени културата на владеење, да престане узурпацијата, корупцијата, мрзеливоста“ – рече Османи
Тој го потенцираше интегритетот како своја најголема политичка вредност: „Ако имам политички капитал, тоа е интегритетот. Ниту како хирург, ниту како политичар, не сум дозволил некој да покаже прст кон мене. Тоа е моето најголемо богатство кое ви го нудам.“
На крајот, Османи повика на уште посилна мобилизација:
„Не застанувајте. Тропањето на врати, разговорите, поддршката, сето тоа е дел од нашата заедничка кауза. Правдата е на наша страна и победата е неизбежна“, порача Османи од Чаир.
Според него, на овие избори контрастот е јасен: чесност наспроти корупција.
„Вечерва се докажа дека Националната алијанса за интеграција е најголемиот национален сојуз од 2001 година. Тогаш посветеноста беше да се донесе еднаквост, денес е да се заштити.
Заедно да кажеме „доста“ на дискриминацијата, омаловажувањето, лошото управување и корупцијата. Сенародното движење на отпор и надеж, посилен и помасовен ден“.