Османи: Никој не може да ме обвини за корупција, тоа е мојот најголем капитал во политиката

По нападите на коалицијата „Вреди“, на која беа повторени институционално веќе затворени обвинувања, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи (ДУИ), излезе со реакција во која порача дека аферите се фабрикувани.
„Тие ги имаат добиено анкетите во кои јасно се гледа дека разликата меѓу мене и нивниот кандидат изнесува 10%, и сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат – дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината,“ изјави Османи.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на Борис Трајковски, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата,“ појасни Османи.