Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процeс


Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес – конференција  ќе ги претстави преземените активности и организациски аспекти во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит во Софија на 10 ноември 2020.

Преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес беше една од темите на средбата на Османи со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева минатата недела во Софија.

Ова е прв пат во рамки на иницијативата со процесот да претседаваат земја членка на Унијата и земја кандидат за членство во Унијата.

Целта на иницијативата покрената од германската канцеларка Ангела Меркел е поддршка за евроинтеграцијата на шесте земји од Западен Балкан и јакнење на регионалната соработка во областа на транспортот, енергетското поврзување и економскиот развој. Започна со првата конференција за Западен Балкан во Берлин 2014 година. Последниот состанок на процесот се одржа во јули, лани во Познањ, Полска.