Ослободен палестинскиот режисер и оскаровец кој беше уапсен на Западниот Брег


Израелските власти  во вторникот го ослободија палестинскиот режисер на документарниот филм „Нема друга земја“, награден со Оскар, кој беше уапсен во текот на ноќта по нападот што, според него и очевидци, го извршиле израелски доселеници на Западниот Брег.

Како што објави Њујорк тајмс, полицијата објави дека режисерот Хамдан Балал бил сослушан заедно со уште двајца Палестинци поради сомневање за фрлање камења, материјална штета и „загрозување на регионалната безбедност“. Сите тројца ги негираат обвиненијата, рече нивниот адвокат.

Деталите за инцидентот сè уште не се целосно јасни, а двете страни дадоа спротивставени извештаи за настаните околу апсењето на Балал. Сепак, сведочењата вклучени во извештајот на релевантниот медиум укажуваат дека апсењето се случило додека група израелски доселеници – од кои некои биле маскирани – извршиле напад на периферијата на селото Сусија, од каде што доаѓа режисерот, кое се наоѓа на Западниот брег окупиран од Израел.

 

Палестинскиот оскаровец на „Нема друга земја“ исчезна откако беше претепан од Израелци- доселеници