Оскаровска ревија во Синеплекс од 7 до 14 март


 

Од 7 до 14 март, во скопското кино Синеплекс ќе има оскаровска недела, со наслови кои годинава се номинирани за Оскар. Ќе се прикажат филмовите „Спајдермен: Ширум пајак-вселената“, „Опенхајмер“, „Барби“, „Убијци на цветната месечина“, „Наполеон“ и „Кутрите“.

 

Свеченото доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука ќе се одржи по 96. пат на 11 март во Лос Анџелес.
 

Cената на билетот за сите проекции од оскаровската ревија е 200 денари.