Оскаровска Гала вечер во МНТ – црвен килим и концерт со песни кои влегле во филмската историја

Вистинска филмска магија ќе се случува на 22. февруари, сабота, во МНТ во Скопје кога ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер. На концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар.
Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect
Миланка Рашиќ, коментатор на Оскаровското шоу и автор на емисијата за филм „Во
кадар“ на МТВ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.
Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша
Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.
„Музичкиот избор од оскаровските песни е извонреден. Сигурна сум дека публиката ќе
ужива во маестралните изведби на големите хитови и во нашиот музичко филмски
времеплов“, вели Рашиќ.
„Ова е еден од ретките настани во нашата земја на кој се изведува музика со врвен
квалитет. Преку овој концерт се чувствуваме како дел од Оскаровската магија“, вели
Горан Наумовски.
Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19.30., а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот. Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.