Осака во „Луј Витон“ ја славеше победата на Австралија опен
Тениската ѕвезда во јануари се приклучи на тимот на Луј Витон како глобален амбасадор на луксузниот бренд
Австралија– Наоми Осака во саботата беше насмеана додека ја славеше својата победа на Австралија опен во 2021 година.
23-годишната тениска сензација ја победи Џенифер Брејди со 6: 4, 6: 3 на финалето на Австралија опен, со што ја забележа својата втора победа на Австралија опен и четврта титула на Грен слем турнири.
Додека се сликаше со својот трофеј во Владиниот дом во Сиднеј, Осака зачекори и во нејзината нова улога како амбасадор на луксузната куќа Луј Витон. Од етикетата се облече во шарена блуза и и во патики со ѓон во облик на бран.
Наоми Осака во јануари се приклучи на тимот на Луј Витон како глобален амбасадор на луксузниот бренд.

Екстремно влијателната тениска ѕвезда, ќе дебитира во оваа улога во модната кампања Пролет / Лето 2021 година, со фотографија заедно со креативниот директор на женски колекции на брендот- Николас Гескиер.
„Настрана тенисот, мојата најценета страст е модата; и нема бренд кој е полегендарен од Луј Витон“, рече Наоми во изјавата. „Чест ми е да работам со Никола – тој е дизајнер на кој многу му се восхитувам и споделуваме заедничка љубов кон јапонската култура и стил. Да станам глобален амбасадор на брендоте навистина остварување на сонот“.
Осака потсети на приказната поврзана со ЛВ од нејзиното детство.

„Смешна приказна: Првпат и купив на мајка ми чанта Луј Витон кога имав 15 години како подарок за роденден“, рече таа. “И тоа е некако традиција оттогаш. Дали ова го нарекувам момент на целосен круг? Да”.
Гескиер Никола ја пофали Наоми како „исклучителна жена“ која ја претставува цела генерација и стои како „пример за сите“.
„Восхитен сум од Наоми“, рече тој. „Таа останува верна на себе и не прави компромиси за своите вредности“.
Наоми претходно беше ангажирана и за новата колекција на Најк. Таа се појави и со Маркус Рашфорд, Кевин Дурент, Сабрина Јонеску и многу повеќе во рекламата на Најк „You Can’t Be Stopped” на крајот на годината.